Манчестер Јунајтед успеа да ја освои битката за 15-годишниот словачки талент Мартин Свидерски, вели „Дејли мејл“.

„Црвените Ѓаволи“ ги победија Ливерпул и Челзи во борбата за потпишување на талентираниот играч од средниот ред и на крајот тој ќе ја продолжи својата кариера на „Олд Трафорд“.

Свидерски течно зборува англиски, па комуникацијата со новите колеги од јуниорскиот тим на Јунајтед нема да биде апсолутно проблем.

Досега се натпреварувал во младинските формации на неговиот тим, Прешов.

Талентот, кој помина низ тест период во Селтик, Манчестер Сити и Вест Хем, се согласи на 3-годишен договор со Јунајтед до 2021 година и официјално беше претставен како дел од тимот.