Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност, што се одржува во Приштина, Република Косово.

„Денеска сме тука поради еден значаен повод и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан, кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

И ние во Република Северна Македонија сме силно посветени на имплементирањето на агендата „Жени, мир и безбедност“. Како активна земја членка на НАТО го поддржуваме имплементирањето на оваа политика преку трите основни цели на алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот национален акциски план со сродните иницијативи“, истакна Џафери.