Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден шпион, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик, и работел за косовската влада. Вие господине Мицкоски сте плагијатори, а на реформатори. Има 10 добри работи, и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве да го наречеме Мицковизам како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите, рече лидерот на „Левица“ и пратеник Димитар Апасиев критикувајќи ја програмата и кадрите кои ги предложи мандатарот, Христијан Мицкоски.

-Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ‘Дража-михајловизам’ во нашата Влада! Вториот хаштаг е „шверцери властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, требаше да пишете тато ме направи асистент, Груевски претседател на партија. Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот работник се споменува само два пати, зборот синдикат нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници, рече Апасиev

За предложениот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски кој сега е градоначалник на општина Аеродром потсети дека токму тој го спорел неговото назначување за асистент на Правен факултет, а на неговиот приговор се приклучила сегашната претседателка, тогаш професорка, Гордана Сиљановска Давкова.

За него вели „тој што го бива, секаде го бива’“

– Јас доаѓам од Аеродром каде што се вели: „Од Златко Марин полош е само Муцунски!“. Во 15 години што живеам таму општината понечиста не била – додаде Апасиев.

Предложениот министер за дигитална транзиција Стефан Андоновски пак, му заличи на Бојан Маричиќ од СДСМ, како пандан од ВМРО-ДПМНЕ.

За предложениот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека му бил десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанкиески „Миле ми текна“ и го нарече адвокат на урбаната мафија.

-Не знам зошто не ги навел фирмите кои ги имаат или немаат со Јанушот, (Игор Јанушев), што ги имаат во Бугарија, не знам дали тој му е косопственик, рече Апасиев за Тошковски.

За министрите од ВЛЕН пак рече дека самите тие им ги кажувале криминалите, а сега ги предложиле за министри.