Во тек е интензивна реконструкција на Центарот за обука во Идризово на повеќе локации од комплексот – двата павиљона за сместување, управната и школската зграда и ресторанот, заедно со придружни содржини, како и пистата за постројување на кандидатите, со вредност од 184.838.711 денари обезбедени од Буџетот на МВР.

После цели 53 години, го реконструираме Центарот за обука во Идризово и го вбројуваме како 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата со кои ги подобруваме условите за работа, настава и обука на македонската полиција

Јас и мојот тим стоиме на располагање со сите потребни ресурси и поддршка за да процесите на настава и реконструкција се одвиваат непречено.