“Би сакал да ве информирам, како што најавив при посетата на СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден во Републила Северна Македонија пристигнаа 165.000 обрасци за лични карти и 85.000 обрасци за пасоши, а денеска по завршувањето на сите формално-правни процедури, истите се предадени во МВР.” објави пред малку дополнителниот технички министер во МВР, Митко Бојмацалиев.

Досега пристигнаа 295.000 обрасци за пасоши во рок од еден месец – на денот на примопредавањето на мандатот во МВР стигнаа 50.000 обрасци, подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, и денешните 85.000 обрасци.
Вкупно досега пристигнати се 1.734.000 обрасци.

Уште еднаш потенцирам дека нема никаква саботажа или хаос во Министерството за внатрешни работи. Процесот на промена на лични документи се одвива непречено, МВР ги создаде сите услови.

„МВР за ГРАЃАНИТЕ” 🇲🇰