„Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реалноста, според оваа партија, е поразителна за Македонија.

„Иако Пендаровски и СДС прифатија капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа. Напротив политиката на свиткана кичма донесоа блокади, понижувања, згазено достоинство и поголеми апетити на оние кои не и мислат добро на Македонија.

Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат)“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.

Овој пат, како што велат, граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет.