Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пест санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.