Има вкупно 28 случаи на пертусис, или голема кашлица, на територија на Скопје, изјави утрово за државната МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести, меѓудругото, донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во главниот град.

Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис.

Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

Надлежните изминатите денови изјавија оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот.