Српскиот претседател, Александар Вучиќ пристигна во дводневна посета на Турција, каде ќе оствари средба со неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган.

Вучиќ изјави дека целта на посетата ќе биде зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, а Турција најави учество во големи инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на автопат меѓу Сараево и Белград.

По посетата на Турција, Вучиќ ќе гостува кај рускиот претседател Владимир Путин на 9-ти мај, по повод воената парада.