Стресот е вообичаена појава во кругот на семејството, особено сега кога луѓето минуваат повеќе време заедно во изолација, поради пандемијата на коронавирусот. Ново истражување открива дека децата можат да препознаат дали и кога родителите им се под стрес и дека тоа има последици врз најмладите.

Во трудот објавен во американскиот „Журнал“ за семејна психологија, Сара Вотерс – доцент на Државниот универзитетот на Вашингтон во Пулман и нејзиниот тим, ги проучувале односите меѓу родителите и децата на возраст од 7 до 11 години. Резултатите покажуваат дека децата секојпат препознаваат кога нивните родители се обидуваат да ги скријат своите емоции.

Во истражувањата биле вклучени 107 родители, од кои скоро половина биле татковци и нивните деца. Испитувачите побарале од секој од нив да наведе пет нешта што им предизвикуваат стрес. Родителите и децата имале сензори на нивните тела за следење и мерење на физиолошките реакции. Потоа, ги одвоиле родителите од децата и побарале од секој родител да зборува за своите чувства и да гестикулира, за да се види неговата реакција на стресот.

Стручните лица потоа го вратиле детето во просторијата и ги замолиле родителите да разговараат на претходно избрана тема. Половина од овие родители биле замолени да ги потиснат своите емоции за време на разговорот. Разговорите биле снимени.

Се покажало дека потискањето на емоциите доведува до помала блискост. Додека родителите кријат дека се под стрес, нивните деца го менуваат однесувањето.

Истражувањата, исто така, покажуваат дека мајките не пренесуваат стрес на децата, освен ако не ги потиснуваат своите чувства. Тогаш негативното влијание е слично како кај татковците. Научниците објаснуваат дека тоа е така затоа што татковците почесто ги потиснуваат своите емоции, отколку мајките.