Кампањата на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во посета на Демир Капија.
Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.
Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.
„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси. Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.
Денеска караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски покрај Демир Капија ќе ги посети Неготино, Росоман и Кавадарци.