Зоран Ефремов, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор во Агенцијата на разузнавање и началник во МВР, во гостувањето во Инфомакс беше директно прашан за чија служба работи Христијан Мицкоски.

Инфомакс: За кого работи Христијан Мицкоски? За која служба? За која држава? Во чиј интерес?

Зоран Ефремов: Видете, не треба многу да се размислува, значи Мицкоски и неговото политичко делување е на линија Скопје – Белград – Будимпешта. Будимпешта, Белград се синоним за Москва на Балканите. Не мислам дека е потребно повеќе да елаборирам.

Инаку, спред Ефремов, Мицкоски бил „дустабанлија за политика“, човек што „залутал во политиката“: „Лично Христијан Мицкоски за мене, не заслужува никакво внимание. Он е човек кој што залутал во политиката. Дустанбалија за политика. Значи, има некои финансии кои што ги зема на најбезобразен начин, бидејќи тоа е коњократство кое што он го прави со бизнис за да дојде до финансии.“