Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин, Сојузна Република Германија ќе ја прими награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Како што соопшти владината прес служба, церемонијата за доделување на наградата ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот .

Заев и министерот за надворешни работи – Бујар Османи во Берлин ќе имааат и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.