Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секоја нивна потерница е ништовна.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, изјави Захарова на Телеграм.

Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.

„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“, додаде таа, јави ТАСС, а пренесе Танјуг.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.