На поранешниот заменик премиер Кочо Анѓушев му е забранет влез во Соединетите Американски Држави, како што е наведено, „поради вмешаност во значителна корупција“, соопшти Стејт Департментот, јави Ројтерс.

Анѓушев беше вице премиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од Зоран Заев, како премиер.

Анѓушев e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.

Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласи Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.

Покрај поранешниот вице премиер Кочо Анѓушев неподобни за влез во САД се и неговата сопруга Елизабета и синовите Огнен и Ангел.