За овие шест месеци, Македонија сe претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува нерасчистено. Неефикасноста на МВР раководено од Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ стимулираат уште повеќе криминал, ја влошуваат безбедноста и ги охрабрува пиштолџиите кои слободно се шетаат низ државата“, истакна на денешната прес-конференција порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека последното убиство во Тетово е само еден од низата на нерасчистени случаи заради, како што кажа „неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ кои кога и да се на власт, во државата царуваат уличните банди“.

„Само за потсетување, ни помалку ни повеќе, туку точно 4 убиства и 3 обиди за убиства се нерасчистени во последните шест месеци или во просек едно месечно“, додаде Кузеска.