Во последните неколку години со ФФМ раководат лица кои што немаат никаква допирна точка со фудбалот и мислат само на сопствениот џеп. Во ФФМ буџетот се троши на нефудбалски работи, нема проекти, нема нови стадиони, нема нови терени,а тоа што го има е запустено, промаршено и нефункционално.

Покрај лошото раководење во организацискиот дел , ФФМ лошо раководи и со спортскиот дел .

Наместо да се надоградува историскиот успех – Пласман на  Европско првенство челниците на ФФМ го направија спротвното, односно направија раздор во репрезентацјате, го сменија слекторот, одстранија неколку клучни играчи и истата ја претворија во ДООЕЛ.

Поради сите погоре споменати работи време е на чело на ФФМ да дојдат лица од фудбалот, време е ФФМ да ја превземат легенди како Масар Омерагиќ и Горан Пандев.

Постарите генерации се сеќаваат на  одлични партии на Омерагиќ во Слога Југомагнат, Вардар и Силекс.

Масар Омерагиќ е личност која доага од бизнис секторот и која веќе еднаш пред 12 години се избори за промени во ФФМ но, тогаш местото му беше одземено  насилно. Денес Масар заедно со големиот Горан Пандев се вистинското решение за фудбалот да започне да се движи во правилна насока, да се види светлина на крајот од тунелот кој го води фудбалот во пропаст.

Масар Омерагиќ е единствениот фудбалски работник кој последниве повеќе повече од десет години се бореше со Харалампие Хаџи-Ристески и успеа да докаже пред арбитражниот суд во Лозана дека Харалампие Хаџи-Ристески е НЕЛЕГИТИМНО ИЗБРАН за претседател на ФФМ.

Омерагиќ денес повторно се бори да го промени, се бори против денешното нефудбалско раковотство на ФФМ, се со една и единствена цел со своето искуство и знаење да допринесе да заживее фудбалот во Македонија.

ФФМ мора да се врати во рацете на ФУДБАЛСКИТЕ ЛЕГЕНДИ!