Македонија официјално се повлече од Евровизија 2025 и со тоа ја одбележа и третата година неучество од ова натпреварување.

Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и како што пренесоа некои од медумите но и Eurovisionfun не се предвидени средства за овогодишно учество на Евровизија.

МРТВ ќе продолжи со учество во детската Евровизија, кое е натпреварување кое бара помали финансиски средства.

Од Балканските држави, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по две годишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година. Некои од овие држави се соочуваат со финансиски предизвици што се доведува во прашање нивното идно учество. Романија и Бугарија сè уште остануваат несигурни во нивното учество на овогодишеното учество на Евровизија