“Северна Македонија е амбициозна и посветена на исполнувањето на НАТО целите на способности, јасно видливо преку исполнувањето на двата НАТО критериуми поврзани со буџетирањето на одбраната. Во безбедноста вложуваме 2,05% од македонскиот БДП, а од нив речиси една третина се инвестира во опремување и модернизација на Армијата.

Остануваме посветени и на зацврстувањето на колективната безбедност преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и на регионалната безбедност.

Претстојниот Лидерски самит на НАТО во Вашингтон ќе ја одбележи 75-годишнината од основањето на Алијансата и единството на сојузниците во одбрана на заедничките вредности!” се вели во соопштението од кабинетот на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.