Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт, Ева Елерајт.

На средбата се разговараше за можностите за соработка и промоција на позитивните вредности, одржливите политики и примери кои покажуваат развој на нови можности за идните генерации.

На средбата министерот Бочварски ги презентира проектитете што ги реализира Министерството за транспорт и врски во областа на транспортот, патната и железничката инфраструктура, каде Министерството интензивно работи на регионалното поврзување заради подигнување на потенцијалот за економски развој.

“ Фондацијата Фридрих Еберт е наш партнер во промовирање на прогресивни политики за одржлив развој и веруваме дека нашата идна соработка ќе даде голем придонес во ЕУ интеграциските процеси, но и во изградба на модерна европска инфраструктура која ќе овозможи безбеден сообраќај за сите граѓани”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.