Се повеќе се зголемува влијанието на екс разузнавачот Синиша Алексоски врз претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Извори од партијата ни тврдат дека една од најчувствителните комисии каде што се собираат доверливите податоци, првиот човек на партијата целосно му ја препуштил на поранешниот советник на Претседателот Ѓорге Иванов.

Истата комисија заради немање целосна доверба во партиските кадри, до изборите ја водел лично Мицкоски преку кого одело и објавувањето на скандалите за актуелната власт, но и покривањето и уништувањето на неколку „бомби“ кои можеле да му нанесат голема штета на Заев. Веројатно времето ќе покаже дали овие информации се точни и зошто не се до крај објавени сите материјали и дали благодарение на тоа Заев остана премиер. Мицкоски, според нашите информации имал и директни комуникации со притворени лица, а тогаш како и сега во голем број случаи му посредувал токму Алексовски.

Отворено се зборува дека предлозите за министри во техничката влада не биле на Мицкоски, туку на Алексоски, а таа пракса продолжува и натаму.

Неофицијално, како нов претседател на комисијата Алексоски го предложил Наќе Чулев. Неговиот аргумент бил дека без разлика на резултатот на изборите, Чулев му бил исклучително лојален. Заедно со Чулев во комисијата се и неговиот поранешен шеф на кабинет кој на таа позиција дојде исто така од Агенцијата за разузнавање. Во комисијата се нашло место и за советникот на Чулев за медиуми Стојче Стаменковски и за едно лице од МВР со сонителна позадина кој бил во кабинетот на Чулев. Во комисијата се нашло место и за Ристо Ставревски кој бил началник на СВР СКопје во техничката влада.

 

Прочитајте повеќе на МЕДИА.МК