Можам да ви кажам од мое име, од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека како никогаш порано како генерација политичари сме одлучни да направиме трансформација во Македонија. Трансформација со која што многу од работите кои што денеска се погрешни и создаваат фрустрација, на моменти лоша емоција кај некого, или пак не враќаат назад во времето ќе исчезнат, ќе се врати надежта, ќе се врати оптимизмот“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова ќе победат на 24-ти април, а на осми мај ќе се потврди победата со историски печат.

Мора победата да биде изразена со мнозинство во парламентот. Тоа значи дека мора да имаме 61 пратеник за да можеме сето ова кое што јас го зборувам сега да го спроведеме и реализираме. Ние не сме чудотворци, чудата се невозможни, секој оној кој што ветува чуда не ја говори вистината. Ние само сакаме да ја пренесеме вистината онаа која што ние ја чувствуваме, да ја слушнеме вистината која што е поврзана со секојдневието, со реалноста и врз основа на можностите сето тоа да го реализираме во следниот период“, појасни тој.