Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не можеше да одолее, а да не заигра „кокошкин танц“ со пејачката Нета Барзилаи, која го посети во официјалната резиденција откако победи на Евровизија.

„Како е забавно да ја запознаето Нета Барзилаи во Ерусалим’, напиша Нетанјаху на својот Твитер.

 

„Сите те сакаме. И донесе голема чест на нашата земја“, напиша Нетанјаху.

Во јапонско кимоно, со фризура во стилот на гејша, 25-годишната пејачка победи на натпреварот за песна на Евровизија со песната „Не сум твоја играчка“.

Илјадници фанови излегоа на улиците на Тел Авив да ја прослават победата на Нета, а Израел наредната година ќе биде домаќин на Евровизија.