Отворен Балкан беше повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама како обид да се создаде едно помирување, односно како една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање. Тоа беше иницијалната идеја, дали беше злоупотребена, не беше злоупотреба, но причината поради која прифативме беше тоа што видовме можност за завршување на тој спор и за меѓусебно признавање на двете држави.

Ова денеска на прес-конференција го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали после случувањата во Бањска го праразгледале нашето членство во Отворен Балкан, посочувајќи дека иницирал нова иницијатива, квадрилитерала, во која министрите за надворешни работи на Албанија, на Косово, на Црна Гора и С Македонија се состанале и воспоставиле иницијатива на земји кои се 100 отсто усогласени со надворешната и безбдностана политика на Европската Унија.

„Ова што го прави опозицијата на албанските партии е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема“, рече тој.

После случувањата во Бањска, нашата држава не присуствувала во Отворен Балкан.

„Реков ако се потврди дека Белград има вмешаност, тогаш навистина го прави невозможно, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше поинаква. Беше идеја да се воспостави една можност за Србија и Косово полека да почнат да создадат предуслови за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи, како една од иницијативите покрај економската соработка, итн. Се разбира секоја држава ја истакнуваше својата перспектива. Некои ја истакнуваа економската соработка, некои ја истакнуваа мобилноста на граѓаните, некој го истакнуваше помирувањето. Ние, зборам сега и како политичка партија, ако можам да кажам во тоа гледавме можност за помирување и меѓусебно признавање, бидејќи таква беше идејата на премиерот Рама. Меѓутоа, ова со Бањска навистина ги поремети тие односи. Затоа јас не сум присуствувал веќе на тие средби, и нема да присуствувам“вели Османи.

На прашањето дали Северна Македонија е се уште членка на Отворен Балкан, тој вели дека е тоа негов став да не присуствува на состаноци на оваа иницијатива.

„Ова е мој став, кој што на прва седница на која што ќе се разговара за оваа тема јас ќе ги презентирам податоците коишто ги имам преку мојот пристап до информациите на НАТО и на ЕУ, и на партнерските земји, и ќе го предложам тоа“рече тој.

Тој најави дека како претседателски кандидат на Европскиот фронт и на ДУИ планира да воспостава нова претседателска иницијатива, Самит на хармонзираните сто отсто со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.