Пациент сместен во велешката болница се јавил на бројот 112 и побарал помош.
Имено пациентот паднал од кревет и цели два часа никој не дошол да го подигне, со тоа што тој побарал помош по телефон на 112.
Случајот го раскажа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.
Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор, откри Ангелов.
„Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница“, вели Ангелов