Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром.

– Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета – напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе „Лајм“.

Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник.

– Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот – напиша Пацоли на Фејсбук.