Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендровски денеска во рамки на предизборната кампања одржа средби со граѓаните на тетовскиот регион. Во попладневните часови Пендаровски ја претстави својата програма пред жителите на Желино, Јегуновце и Теарце.

-Две работи се клучни за Македонија – стабилни меѓуетнички односи и интеграција на земјава во Европската Унија. Покажав дека во изминативе пет години не отстапив од овие вредности. Бев претседател на сите граѓани движејќи ја државата во евроатлантското семејство, порача Пендаровски од Теарце.

Во Јегуновце, пред граѓаните, Пендаровски рече дека е изграденото општество со стабилни меѓуетнички односи резултира со земја на сите, еднакви и рамноправни граѓани.