Во стан на булеварот “Партизански одреди” во Скопје полицијата уапсила две лица на возраст од 25 и 26 години бидејќи кај нив пронашла 85,31 грама марихуана, спакувана во пет помали ќеси. Дрогата била наменета за неовластена продажба. Исто така, кај првосомничениот и неговата 26 годишна соизвршителка биле пронајдени и евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Според скопското обвинителство кое отвори истражна постапка ги сомничи како соизвршители во извршување на кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.