За прв пат по 40 години патот стопанство – Алданци – Норово се реконструира. После многу празни ветувања благодарение на градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов жителите на Алданци и Норово ќе добијат она што со години го барале – нов пат, безбеден, без дупки и целосно оспособен за користење.

Овој пат значи дека СДСМ е одговорна партија и одговара на потребите и барањата на граѓаните. Патот стопанство – Алданци – Норово беше едно од најголемите барања на жителите на овие населени места, а денес станува реалност.

Ова е доказ дека ОО СДСМ Крушево работи во интерес на граѓаните. Ова е доказ дека градоначалникот Томе Христоски заедно со централната власт предводена од СДСМ градат инфраструктура како никогаш досега

Градиме за сите и во услови на пандемија. Во новата нормалност со почитување на мерките ги реализираме на барањата и потребите на граѓаните.