Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерта на 11.9.2018 година во 20 часот и 00 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од преспанското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.3 а беше почувствуван од населението во Охрид, Ресен и непосредната околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу 20:00 часот во Грција, а истиот бил почувствуван и во Македонија.