Стотици граѓани попладнево излегоа на протест по објавувањето на судската пресуда на Кривичниот суд, со која убиецот на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо беше осуден на затворска казна од три години.

Масовниот протест почна од Ново Лисиче, населбата каде што и се случи убиството лани на 14 август во „Паркот на музиката“.

Според фотографиите и видеата објавени од протестот можат да се забележат голем број на присутни, кои директно беа поврзуван со упадот во Собрание на 27 април.

Еден од нив е присутните е и Петар Миовски, Советник во општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Миовски беше обвинет за “обид за убиство” на претседателот на Алијанса за албанците, Зијадин Села.

Според достапните информации на интернет  Петар Миовски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2010 година.

Во 2014 година е назначен за Претседател на УМС на ОК Аеродром, а во исто време е назначен и за член на ОК Аеродром. Од 2017 година на локалните избори е избран за советник во Советот  на Општина Аеродром. Миовски е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година.

Меѓу поддржувачите на протестот е и најчестиот гостин на Никола Груевски во Будимпешта, Александар Трајковски.

Трајковски беше обвинет за “шамарите во Центар”

Се поставува прашањето дали Миовски има партиска задача да организира и координира протести со цел да се исценираат немили настани и меѓуетничка нетрпеливост?

Се спрема ли ВМРО-ДПМНЕ да исценира нов 27 април по изборите на 15 јули?