Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на Осмомартовски марш, во организација на Форумот на жени на СДСМ, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Маршот почнува од улицата „Едвард Кардељ“ до плоштадот „Маршал Тито“ во Кавадарци.

По завршување на маршот, како што најавија од партијата, обраќања ќе имаат претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска.

Во рамки на Осмомартовскиот марш, е предвидена и културно-уметничка програма.