Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, одговарајќи на прашањето дали се создадени сите услови за промена на документите, тој рече:

„Се што сме правеле претходно е во насока на создавање услови за промена на документите. Дали вие сметате дека е грешно тоа што веднаш по ратификацијата на Договорот од Преспа и стапување во сила на 12 јануари 2019 година сме започнале со постапката? Дали сметате дека е грешка доставување на постапка и отпочнување на постапка за изготвување на нови документи. Дали сметате дека е грешка тоа што се водела постапка за јавна набавка, да се инкорпорираат уставните измени заедно со Законот за јазици, дали сметате дека е грешка што целата таа постапка се водела и се направиле сите подготовки да бидат променети сите документи?

„Јас сум ги создал апсолутно сите услови до еден коишто се однесуваат на можноста за промена на личните документи. Од кај знаете дека сите побарале патна исправа. Во моментот кога бара граѓанинот, ако не му се овозможува тоа, затоа што личните документи се издаваат на барање на граѓаните”, подвлече Спасовски.