Ставревски да се погледне во огледало,ако е по систем на кариера тој не би бил ни помлад инспектор Човек чита и не им верува на очите, човекот што преку политика влегол во МВР, со кривична пријава, вмешан во сите црни сценарија на претходната власт кој го имаше и во бомбите, чија сопруга странски државјанин спротивно на сите закони и во сомнителна постапка експресно добила македонско државјанство и се вработила веднаш во МВР-УБК, чиј кум од возач го направил полициски службеник, кој што во техничката влада доби решение за началник на СВР Скопје само со потпис на Чулев а без согласност и потпис на Славјанка Петровска, што исто така е спротивно на закон, кој што мисли дека со една година работење како полициски службеник бидејќи целиот друг стаж му бил советник на министерката Јанкулоска мисли дека е голем експерт и мисли дека знае што значи да си полициски службеник, држи предавања, кажува демагогии и ја критикува власта и раководството во МВР. Спомнува огледала а тој самиот не се гледа во огледало бидејќи за него очигледно важат други правила, бидејќи ако се види неговиот случај во системот на кариера на кој тој се повикува, тој би требало да биде помлад инспекто, а не началник како што го претставуваат.

Но, нејсе, како рекле старите ” слушај што ти кажувам, не гледај што правам”. Јасно е како ден дека Ставревски ја одработува политичката агенда на политичката партија на која и припаѓа.