Тим од канадски истражувачи ги објави резултатите од истражувањето кое се однесуваше за причините за зголемување на телесната тежина, посебно кај младите луѓе.

Според резултатите од истражувањето, тинејџерите и младите луѓе кои често конзумираат алкохол имаат многу поголеми шанси да имаат вишок на килограми или да бидат дебели.

Новите податоци доаѓаат од Универзитетот Ватерло во Онтарио. Во истражувањето учествивале средношколци од 89 училишта кои пополнувале анонимни анкети. Меѓу прашањата имало и прашања за различните животни навики кои ги имаат, па и за тоа колку често кинзумираат алкохол.

Дури 39% од нив признале дека барем еднаш месечно се опијануваат, а тоа вклучува најмалку 5 алкохолни пијалоци во текот на излегувањето, а 11% од учениците толку пијат барем еднаш неделно.

Врз основа на податоците за тоа каков алкохол конзумираат (пиво, вино, жестоки пијалоци) и што јадат се пресметани просечните калории односно килограми кои може да ги добијат.

На пример, тие кои еднаш неделно се опијануваат од водка, годишно внесуваат 57.000 калории повеќе од тие кои не се опијануваат. Во превод тоа значи 7,5 килограми повеќе.

Ова е една од првите студии која се однесува конкретно за дебелината кај младите луѓе, а која е поврзана со алкохолот.