МВР информира дека вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.