По денешното верифицирање на пратеничките мандати, Д-р Венко Филипче преку својата фан страна се обрати до граѓаните дека ќе ја промени перцепцијата за пратеничката функција.

“Денеска официјално е верификуван мојот мандат како пратеник. Ќе бидам достапен за сите граѓани, ќе им го олеснам пристапот до законодавниот дом и заедно ќе ги преточиме барањата во конкретни политики и закони. Моја цел е да ја променам перцепцијата за оваа функција и да покажам како вистински се претставуваат граѓаните во Собранието.” напиша Филипче.

Според партиското расположение во СДСМ, се поизвесно е и дека токму Филипче ќе ја добие најголемата поддршка од членството на внатрепартиските избори за следен лидер.