Предмалку на социјалните мрежи новинарот Фуркан Салиу објави дека МВР против него поднело кривична пријава за попречување на службен лице.

“Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382.
Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште.

Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период.

Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација.” напиша Салиу.