Државната изборна комисија (ДИК) во моментов ја одржува својата трета последователна прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска.


-Согласно податоците собрани од 3368 избирачки места до 13 часот гласале 432.026 граѓани, односно 23, 81 осто е излезноста на граѓаните до 13 часот-рече портпаролот на ДИК Адмир Шабани.

Во ИЕ – 1 одѕивот бил 27, 09 отсто, во Втората изборна единица 21,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 13:00 часот бил 28,92 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 27,45 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 23,11, и во Шестата изборна единица 15, 58 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.

-Во Изборната едицина број 1 излезеноста во Општина Аеродром изнесува 30, 15 отсто, во Општина Карпош излезеноста е 31, 25 отсто- рече Шабани.