Реал Мадрид синоќа на гостувањето кај Валенсија, се враќаше од амбис и од 2:0, малку недостасуваше и да победи, но се е залудно, бидејки Реал освои само бод, а можеше три.

Имено, откако Реал изедначи во 74. минута против домаќинот Валенсија, сите надежи ги фрли само на нападот, со цел да дојдат до уште еден гол, кој овој пат би значел победа.

Всушност, Реал Мадрид во 98. минута успеа да постигне гол, но секунди претходно, судијата Хесус Гил отсвири крај на натпреварот.

Иако Џуд Белингам ја смести топката во голот на домаќините, судијата свиреше крај и се случија масовни протести пред очите на судијата.

Дури стрелецот на голот, Џуд Белингам, во жестината на моментот, му порачал на судијата дека „ова е сигурно еб** гол“, но овој си ја почитуваше својата одлука за крај на мечот.

На конференцијата за медиумите, тренерот Карло Анчелоти, кој и самиот се наоѓаше во гужва, истакна што му рекол неговиот фудбалер на судијата, поради што заработил црвен картон.

– Тоа е еб** гол, не го навредил лично, ќе видиме што ќе напише судијата во записникот. Што да кажам друго, нема што да се зборува, се случи нешто невидено, играчите се лути на таква одлука на судијата, порача Анчелоти.