По неколку бројните скандали на штипскиот градоначалник Јорданов поврзани со мазутот и “киднапираната” цистерна денес штипските социјалдемократи со ново обвинување.

“Цел град без вода, градоначалникот мисли народот нафта пие” напиша членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никола Рилак.

Во изминатиот период спорен беше тендерот со набавката на мазут за кој се претпоставува дека е со амин на градоначалникот Јорданов, а пријавата кон добавувачот е за да си го покрие срамот.

На обвинувањата на СДСМ Јорданов одговори со најава за капитални инвестиции по завршување на изборите.

Се поставува прашањето дали Јорданов всушност потврди дека до овој момент нема реализирано ниту еден капитален проект и се занимава со шминкање на градот.

”Затоа почитувани граѓани на Штип, Наскоро ќе биде пуштена во употреба новата капитална инвестиција на градоначалникот Иван Јорданов, бензинска станица “ЈОРДАНОВ ПЕТРОЛ”, која се наоѓа на влезот од градот.” додаваат од СДСМ Штип.