????????????????????????????????????

Во своето соопштение, МВР и обвинителството наведуваат дека двете убиства меѓу кои и она на 14-годишната тинејџерка Вања Ѓорчевска се мотивирани од користољубие.

-Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“, се наведува во заедничкото соопштение на МВР- институцијата која открива и Обвинителство- институцијата која гони сторители на кривични дела.

Но, во продолжение не е наведено за какво користољубие станува збор, и двете надлежни институции не се потрудија да ја смират вознемиреноста на јавноста по убиството на ученичка која тргнала на школо затоа што не објаснија каква корист од нејзината смрт имаат осомничените.

Во членот 123 од Кривичниот законик, во став 2 се прецизирани повеќе свирепи убиства за кои минимална е десет години, а максимална казна е доживотен затвор.

„Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој којшто:

3) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,“.

Беше соопштено и дека за тројца фатени осомничени се бара притвор, а од судот кратко околу полноќ одговорија дека осомничените се уште не се донесени.

Министерот Спасовски првично закажа посета во Куманово, на граничната полиција, но потоа се откажа таа посета и заедно со обвинителството е закажана заедничка прес конференција за да дадат повеќе детали за овој незапаметен злостор за кој вознемирената јавност се уште нема доволно информации.