Дваесетгодишна девојка почина од грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Како што изјави доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести, ова е седми смртен случај од оваа заразна болест од почетокот на сезоната на грип.

Девојката била префрлена на Инфективната клиника од Клиниката за хематологија, но, како што рече, не е прецизирано од која хематолошка болест била таму.