На Црвениот плоштад во Москва се одржува воена парада по повод Денот на победата. Во воздушниот дел од парадатаа учествуваат 75 екипажи на оперативно-тактичкото, воено-транспортното и воено воздухопловство. На почетокот на парадата рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изврши смотра на единиците, по што следеше рапорт од страна на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Во обраќањето пред присутните, Путин го честиташе 9 Мај и потсети на триумфалната победа во Втората светска војна.

„Наш долг е да го чуваме сеќавањето за храброста на војниците кои ги дадоа животите за другите. Секогаш ќе бидеме горди на тоа што Советскиот Сојуз не го свитка ‘рбетот пред суровите непријатели“, рече Путин и истакна: „Нашиот народ се бореше до смрт“.

На парадата на московскиот плоштад учествуваа повеќе од 12 500 војници. На настанот ќе биде прикажан новиот роботски тенк „Уран 9“ вооружен со противтенковски ракети, топови и митралези. „Уран 9“ може сам да ги лоцира целите, но одлука за стрелање носи командирот на возилата кој седи во блиндиран камион, не подалеку од три километри од „Уран 9“.

Ќе биде претставен и „роботски диверзант“, возило „Уран 6“, кое се користи за чистење мини. Ова возило исто така се вози со далечински управувач, а дострелот му е до еден километар.

За првпат на парадата ќе биде прикажан теренски пешадиски баги, наменет за сите терени. Возило АМ-1 има две седишта за руски војници, а дизајнирано е за пешадија или за специјални единици за примена за време на операцијата на непристапни терени.

Ќе биде прикажан и новиот дрон „корсар“, кој може да се користи за ракетни напади, набљудување и пренос на залихи. „Корсар“ има дострел повеќе од 160 километри, автономија на лет од 10 часа, а може да лета на висина до 6 километри. Се очекува и прелетување на авиони ловци, бомбардери и хеликоптери.

На небото на Москва ќе бидат стратешките ракетни носачи Ту-160, Ту-95МС, бомбардери со долг дострел Ту-22М3, авиони-танкери Ил-78, воено-транспортерни авиони Ил-76МД, ловци Су-35, Су-30СМ, „миг 29“, пресретнувачи „миг 31БМ“, ловци-бомбардери Су-34, бомбардери Су-24М, јуришни авиони Су-25.

Се очекува да биде виден и стелт-авион ловец од петтата генеарција, гордост на руското воено воздухопловство, „сухој 57“. Авионите „миг 31“ ќе ја прелетуваат Москва носејќи нови хиперсонични противбродски ракети „кинзал“, кои можат да уништат и носат авиони.