КАМ маркетите апелираат купувачите да пазаруваат без претерување и тоа со залиха само за една недела, поради тоа што како што информираат оттаму, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.

„Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“, стои во соопштението на маркетот на Фејсбук.

КАМ ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 8 и 30 до 19 и 30 часот, во сабота од 8 и 30 до 18 часот, а во недела од 8 и 30 до 16 часот.