Изборите се одложени, најверојатно на неодредено време бидејќи во овие моменти никој не може да предвиди до кога ќе трае вонредната состојба во државата, во регионот, но и во Европа.

Состојбата е многу сериозна и упатува на одговорност на секој граѓанин што во моментов не е случај, особено ако се има во предвид дека се регистрирани многу прекршители на ограничувањата кои се во сила поради глобалната вирусна пандемија.

Забележано е работење на одредени угостителски објекти, собирање на граѓаните на бензински пумпи, паркови и шеталишта.

Доколку продолжи ваквото однесување на поединци, тогаш залудни се сите мерки и уредби кои се носат, а не се почитуваат од поединци со што се загрозува севкупното здравје на целото население, се влошува економската атмосфера и се зголемува неизвесноста.

Во целата оваа состојба, интересно е однесувањето на опозицијата, која е незабележлива во агитацијата за внимателно и одговорно однесување, но прилично гласна во ширењето на дезинформации и драматично креирање на паника.

Се сеќавате на дезинформациите дека во државава има само едноцифрен број на респиратори, дека ќе снемало храна и вода, дека ќе имало економски колапс?

Сите овие дезинформации ги пласираа луѓе блиски до Мицковски.

Лицемерно е да се објавуваат дезинформации во вакви моменти, а истовремено да не се почитуваат мерките за превенција и заложбите на владата, без разлика на партиската припадност.

Имено, и покрај препораките и забраните за групни собирања и учество на прослави, до нашата редакција во текот на денешниот ден пристигнаа фотографии кои упатуваат на тешки прекршувања на законите токму од лидерот на опозицијата.

Дали Мицкоски ја прославува трагичната судбина која ја предизвика оваа пандемија или преку оваа трагедија гледа само можност да добие некој позитивен поен, при тоа не размислувајќи за пораката која ја праќа кон своите сопартијци и симпатизери и не сочувствувајќи со илјадниците загрижени граѓани.

Но Мицкоски не е сам, забележително е и присуството на Васко Наумовски и Симона Лескароска.

Дали инструкциите за ваквото однесување на опозицијата доаѓаат од Мицкоски или од неговиот претходник останува да погодуваме?

Зарем овој човек е лидер на опозицијата?