Градоначалникот Мицевски денес направи увид во воводедот на градежните активности за изградба на тротоарите на ул.Св.Јоаким Ософговски.

Изведувачна градежните активности е економскиот оператор ,,Стоименов“ од Кочани, а висината на инвестицијата е од околу 10 милиони денари.
Со оваа инвестиција ќе се реконструираат и возобноват околу 2.8 км. тротоарска површина од десната страна на ул.Св.Јоаким Осоговски, со почеток од влезот во Крива Паланка кон централното граско подрачје. Со градежните работи ќе бидат опфатени активности за вадење на сегашната подлога, поставување на нови рабници и поставување на бекатон површина.

Средсвата за реализација на овој проект се обезбедени преку Бирото за регионален развој.