Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја отфрли жалбата на Горан Ивановски, директор на РИК Силекс, донесе одлука дека Истражувачката репортерска лабораторија Македонија не ги прекрши етичките и професионалните стандарди. Жалбата на синот на Љубисав Иванов Ѕинго беше поднесена по објавената сторија на ИРЛ со наслов: „Локален шериф Љубисав Иванов Ѕинго: Национални богатства, приватни раце“.

Советот за етика е орган за саморегулација на медиумите и се залага за одржување и унапредување на етиката и на професионалните стандарди во медиумите. Жалбата до Советот за етика во медиумите во Македонија ја поднесе Горан Ивановски, син на Ѕинго и сопственик на Сител Телевизија, медиум кој не е член на СЕММ.

 

Прочитајте повеќе на ИРЛ.