Вечерва, во ново руво блесна градскиот пазар во Ресен.

На својот Фејсбук профил, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, постави слики од ноќното осветлување на градскиот пазар.

Реконструкцијата на пазарот чини околу 3.5 милиони денари, над 95% од средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку ЦРППР, а остатокот е од Буџетот на Општина Ресен.