Членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени. Но, за да извлечеме максимум од убавите години кои доаѓаат, патиштата и поврзувањето ќе се клучни, напиша на ФБ предмалку Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени. Но, за да извлечеме максимум…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Sunday, June 21, 2020

Затоа ме радува завршената делница од експресниот пат Штип-Кочани, поточно делот до Крупиште во должина од речиси 15 километри.

Источниот регионот беше најзапоставуваниот регион во минатото, но во последниве години тоа се промени.

Создаваме услови за нови инвестиции, нашинци од странство се враќаат назад дома и отвораат бизниси, го гледаат потенцијалот.

А ние гледаме во иднината. Одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние.